На собирот на информативните агенции се обрати и бугарскиот претседател Румен Радев кој оцени дека овој Конгрес овозможува да се разговара за актуелните тенденции, предизвици и можности на информативните агенции, додавајќи дека главната тема на форумот за „иднината на вестите“, всушност е тема за „иднината на човештвото“.
Дигитализацијата ги промени нашите претстави за светот, бидејќи денес информацијата е и најраспространета стока, но во исто време и најдефицитарна, нагласи Радев.
Според него, луѓето денес се соочуваат со голем дефицит на навремени, објективни и доверливи информации, тенденција која, како што рече, се повеќе се продлабочува.
Радев потенцира дека дигитализацијата и новите технологии нудат огромни и незамисливи можности за информативните агенции и медиумите, но во исто време тие носат и огромни предизвици.
Денес вистината често се дави во море на лажни вести. Брзината стана поважна од веродостојноста, додаде Радев, нагласувајќи дека разурнувачкиот ефект на информациите може да биде поголем од тој на бомбите и ракетите.
Comments are closed for this post.