Бившиот шеф на Државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев, излегува од притвор со парична гаранција од 100.000 лева (50.000 евра), одлучи Апелациониот суд.
Како што јавуваат бугарските медиуми, неговиот адвокат Николај Кокинов одлуката на судот ја оценил како праведна.
На крајот на краиштата, за 18 дена истекува максималниот рок за задржување во притвор, изјави тој.
Кон крајот на октомври 2018 година, Харалампиев беше притворен во рамките на истрагата за корупцискиот скандал околу незаконското издавање документи за бугарско државјанство и бугарски пасоши. Цената на пасошите се движела од 300 до 5.000 евра.
Comments are closed for this post.