Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, се повреди на пријателскиот натпревар против Катар, поради што нема да може да игра на Копа Америка, којашто почнува на 15 јуни. На негово, селекторот Тите ќе треба да повика нов фудбалер.
Нејмар го повреди скочниот зглоб кога во 17 минута од средбата беше цел на еден остар старт на Катарецот Асим Мадибо.
Нејмар, со солзи во очите, го напушти теренот со патерици по што замина на детални прегледи во болница во бразилската престолнина.
Ова е најнова непријатност што му се случува на Нејмар во последно време. Претходно, од бразилската фудбалска федерација веќе размислуваа да го ослободат Нејмар од обврските за настап на Копа Америка, поради обвинувањата за силување што против него ги покрена една бразилска моделка.
Comments are closed for this post.