Стеф Кари го заврши третиот натпревар од финалето на НБА лигата со скор од 47 поени, осум скокови и седум асистенции, но тоа не беше доволно за Голден Стејт вориорс да избегне пораз на домашен терен од Торонто репторс со 123-109. Главна причина за поразот беше отсуството на Кевин Дурант у Клеј Томсон кои ја пропуштија средбата поради повреди.

Кошаркарите на Торонто целосно го искористија нивното отсуство, а во тоа беа предводени од Кавај Леонард, кој мечот го заврши со 30 поени, седум скокови и шест асистенции. Освен Леонард, уште петмина кошаркари на Торонто остварија двоцифрен поентерски учинок. Кајл Лаури 23, Паскал Сиакам и Дени Грин по 18, Марк Гасол 17 и Фред Ван Флит 11 поени.