Иранскиот претседател, Хасан Рохани, најави дека Иран може да биде подготвен за разговори за нуклеарната спогодба доколку САД покажат почит и подготвеност да дејствуваат во согласност со меѓународните правила. Рохани, истовремено истакна дека Техеран нема да подлегне на притисоците да почне преговори, јави агенцијата Фарс.
Ние сме за разговори, доколку другата страна седи на преговарачката маса со почит и доколку се држи до меѓународните регулативи, а не ако ни наредува да преговараме – изјави Рохани.
Comments are closed for this post.