Најмалку десет луѓе загинале во експлозија во сирискиот град Рака откако бомбаш-самоубиец со возило удрил во контролен пункт на силите поддржани од САД, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Тоа е една од двете експлозии кои одекнаа на две различни локации во градот во северна Сирија, кој претходно беше престолнина на Исламска држава.
Според Опсерваторијата, чие седиште е во Лондон, во нападот на плоштадот „Наим“ загинале петмина борци и петмина цивили.
Во пресрет на нападот, одекна уште една експлозија од бомба покрај пат во центарот на градот – се наведува во соопштението од Опсерваторијата.
Comments are closed for this post.