Кинескиот министер за одбрана, Веј Фенге, ги критикуваше Соединетите американски држави поради поддршката за независноста на Тајван и предупреди дека кинеската војска ќе преземе одлучна акција за да ги одбрани своите права за Тајван и за спорните води во Јужнокинеското море.

Во говорот на азискиот самит за одбрана во Сингапур, Веј не упати директна закана кон САД, но посочи бројни критики на сметка на активностите на Вашингтон.

Кинескиот министер исто така ги критикуваше Американците и поради поморската операција во спорното Јужнокинеско море.

Пекинг тоа го смета како насилство над своја територија.

Ако некој се осмели да ја одвои Кина од Тајван, кинеската армија нема да има друг избор освен да се бори за националното единство, по секоја цена – нагласи Веј.