Воениот контингент на САД во Полска ќе биде зголемен за илјада луѓе, објави „Фајненшл Тајмс“.
Според досега објавените податоци, Вашингтон и Варшава се при крај со договорот за раширување на американското воено присуство во Полска. Се дознава и дека двете страни се договараат за создавање заеднички воен центар за вежби и тренинзи.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот полски колега Анджеј Дуда се очекува да го потпишат билатералниот договор за продлабочена воена соработка на 12 јуни, за време на планираната официјална посета на претседателот на Полска на Вашингтон.
Comments are closed for this post.