Премиерот Зоран Заев, организираше ифтарска вечера во чест на светиот месец Рамазан за претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и за пратениците, за членови на Владата и за советниците на премиерот и неговите надворешни соработници и за градоначалниците, припадниците на исламската вероисповед, како и за поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи.
Со секој ифтар, за време на Рамазанскиот пост да ја споменеме и да ѝ дадеме сила и на нашата заедница, Република Северна Македонија. Една држава, едно општество на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што ни е оставена да ја чуваме и да ја негуваме.
Нека е благословена оваа вечера и Светиот месец Рамазан и нека ве придружува мирот и спокојството за време на светиот пост, порача премиерот Заев во своето обраќање.
Comments are closed for this post.