Колкава ќе биде бројката на корисници на родителски додаток за трето дете, по последните законски измени, зависи од поднесените барања, а точната бројка ќе се знае кога ќе заврши стариот закон, за десет месеци од сега, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Мерката на минатата Влада чија цел беше зголемување на наталитетот и помош за многудетните семејства отсега ќе важи за најсиромашните семејства, односно семејствата со пет членови (мајка, татко и три деца) кои ќе имаат вкупен приход до 12 илјади денари.

Она кое што е проектирано, рече министерката Царовска е дека секој оној кој ќе роди дете ќе може да го оствари правото на ваквиот додаток. Дополнително додава таа дека сите што го оствариле правото во изминатите десет години истото ќе го користат се до неговото завршување, без да им се крати, а третата работа е дека мерката додаток за трето дете продолжува за најсиромашните, затоа што само тие имат реална потреба од поткрепа, истакна министерката Царовска.

Комулативно, додаток за трето дете изминатите десет години искористиле околу 26 илјади мајки.