ВМРО-ДПМНЕ до Основното Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја поднесе кривичната пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње и Сарај, со основано сомнение дека на изминатиот референдум над 50.000 гласови биле злоупотребени во текот на референдумот, но и заради грубо полнење на кутии.
Оттука е и потребата за смена на Републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески, што е неминовност заради неговото нестручно и несовесно работење, односно неработење со што прави злоупотреба на службена должност. И за тоа ќе одговара, рече партискиот портпарол Наум Стоилковски.
Со Љубомир Јовески на местото републички јавен обвинител, во Република Македонија демократски избори се невозможни, порача Стоилковски.
Comments are closed for this post.