Утре завршуваат европските избори во 28 членки на Европската унија, по кои ќе се формира новиот Европски парламент и новата Европска комисија.
Најголемата европска приказна, или мировниот проект почна да се развива во Мастрихт во 1958 година како заедница за јаглен и челик, а денес е блок држави во кој живеат 513 милиони жители. Најмногуброен блок по Кина и Индија.
Најголемото ширење на Унијата се случи во 2004 година, а од тогаш процесот е забавен. Деветнаесет од членките ги напуштија своите национални валути и го презедоа еврото. Една од најолемите промени треба да се случи до крајот на годинава, најверојатно во октомври кога Обединетото Кралство треба да излезе од ЕУ. Ако излезе?!
Светската банка проценува дека ГДП на ЕУ изнесува 17,2 трилиони долари, и е зад САД -19,3 трилиони и Кина – 12,2 трилиони.
Најмногубројна земја е Германија со околу 82 милиони жители, додека најмалку има Малта – само 448.000 жители. Се протега од Атлантскиот Океан до Црно Море, од Арктикот до Медитеранот на површина од 4.3 милиони квадратни километри, но тоа е речиси ништо во споредба со Русија и нејзините 17 милиони квадратни километри или САД со 9,8 милиони, но е поголема од Индија која има 3,2 милиони квадратни километри.
И уште едена интересна работа за ЕУ – таа има 28 членки и 24 офцијални јазици. А, кон тоа секако дека треба да се додадат и регионалните и малцинските јазици.
Comments are closed for this post.