Германската канцеларка Ангела Меркел „со почит” ја прифати одлуката на британската премиерка Тереза Меј да поднесе оставка, а претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека е „храбра жена, која многу ја почитува”.
Портпаролката на ЕУ, Мина Андреева, рече дека било емотивно за Јункер да го гледа обраќањето на Меј, во кое објави дека ќе поднесе оставка на 7 јуни како лидер на
Конзервативната партија, односно и на премиерската функција, и дека лично не е среќен поради тоа.
Таа додаде дека Јункер ќе го почитува наследникот на Тереза Меј и дека ќе воспостави работен однос со него.
Портпаролката на германската канцеларка рече дека Меркел ќе продолжи да соработува со наследникот на Меј на спроведување на мирен брегзит.
Comments are closed for this post.