За да се избегнат проблеми и инциденти и нормално да се спроведат изборите в недела, особено по нападот на Парламентот од членови на „Рубикон”, грчката полиција ќе преземе зголемени и вонредни безбедносни мерки, објавија грчките медиуми.
Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека министерката за цивилна заштита, Олга Геровасили одржала телеконференција со сите директори на полицијата од целата земја за да им се дадат насоки и упатства од началникот на грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.
Заштитете го авторитетот на полицијата, била пораката на Геровасили според АНА-МПА.
На состанокот било побарано полицијата да ги спроведе во пракса постоечките планови за безбедност, а зголемени ќе бидат безбедносните мерки околу објектите, како што се изборни центри, партиски штабови, јавни установи, кои би можеле да се најдат на мета на анархистички групи
Според информациите во грчките медиуми, кај полицијата постои загриженост и поради нападите на „Рубикон”, но и поради реакциите за Договорот од Преспа во северниот дел на земјата. (МИА)
Comments are closed for this post.