Албанскиот претседател Илир Мета искажа поготовеност да го смени указот со кој локалните избори ги закажа за 30 јуни и да одреди друг датум.

Ја изразувам мојата институционална подготвеност, во согласност со надлежноста што ми ја дава член 92 од Уставот, да го разгледам указот за датумот на локалните избори и да одредам друг датум за нивно одржување, во согласност со искажаната волја од политичките страни,стои во изјавата на претседателот Мета.

Тој ги повикува страните да прекинат со реториката, како искрен одраз на апелот на германскиот Парламент, да престанат со јавните меѓусебн обвинувања и да се заложат со искреност и одговорност за изнаоѓање стабилно решение што е можно побрзо.

Тој ја повторува подготвеноста дека доколку тоа е излез да се откаже од претседателската функција,односно да си даде оставка.

Изјавата на Мета следува по ексклузивната изјава за Дојче веле на христијанско-демократската и христијанско-социјална унија (CDU/CSU) во која се изразува загриженост за ситуацијата во Албанија и меѓу другото се предлага да се одложи датумот на изборите.

На ова реагираа и премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската демократска партија,Љуљзим Баша.

Рама,преку Твитер изрази благодарност за пријателите на Албанија и меѓународните партнери за покажаното внимание околу политичката состојба во Албанија, повторувајќи уште еднаш дека изборите на 30-ти јуни не можат да се одложат,бидејќи одредувањето на датумот не е во„надлежност на Владата”.

Баша на Фејсбук напиша дека ја потврдува својата подготвеност за слободни и фер избори, истовремено поздравувајќи ја посветеноста на Германија за решавање на кризата во земјата, која според него ќе го отвори патот на Албанија за влез во ЕУ.