На меѓународната воена вежба во Хрватска заедно учествуваат албанската и косовската војска. Се работи за 63 припадници на вооружените сили во Албанија и 45 на косовската. Тие заедно се натоварија во пристаништето во Драч и оттаму заминаа за Задар.

 

Учеството на косовската војска на вежбата во Хрватска предизика револт во Србија, пренесува „Ало.рс“. Министерот за одбрана Александар Вулин прашува за што се обучува војската.

За што ги обучуваат Албанците. За одбрана на напад на Албанија, Црна Гора, Северна Македонија или пак за судир со Србите.Со хрватски бродови да се пренесат терористи да глумат војска против која се и многу членки на НАТО говори за тоа дека имаат лоши намери против Србија и оти е тоа е поважно од мислењето на сојузниците на НАТО-смета Вулин.