Продолжува хајката против мене како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кое што вчера ми беше врачено отказно решение од министерството за земјоделие само поради моите спротивставени ставови со власта во делот на погубните политики кои што ги води оваа Влада, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Образложението на власта за мојот отказ е апсурдно, вели Трипуновски, а Зоран Заев и Љупчо Николовски се занимаваат со политички реваншизам, наместо да ги решаваат проблемите на земјоделците и да го унапредуваат земјоделието.
Земјоделците го фрлаат својот род, поради катастрофално ниските откупни цени. Земјоделците се борат за парче леб додека министерот за земјоделие се шета по светските дестинации и се фали со својата скапа брендирана облека.
Comments are closed for this post.