Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф го критикуваше претседателот на САД, Доналд Трамп поради неговата синоќешна објава на Твитер дека „евентуален конфликт ќе биде официјален крај за Иран“, порачувајќи му „да се обиде да покаже почитување“.


Зариф во својата порака на Твитер напиша дека Трамп е „втурнат“ ви „геноцидни забелешки“.
Зариф наведе дека Трамп се надева оти ќе го постигне тоа што Александар (Македонски), Џингис (Кан) и како што вели, останати агресори не успеале.

Иранците со милениуми опстанале додека сите агресори исчезнаа“, додаде Зариф

Твитот го заврши со реченицата: „Обидете се со почитување-тоа успева!“.