Руската полиција приведе двајца кинески државјани поради обвинение за проневера на 1,9 милијарди долари во вид на пирамидална проневера, изјавила портпаролката на МВР на Русија за ТАСС.
Според првични проценки , повеќе од еден еден и пол милиони луѓе биле погодени од оваа шема на измама која е вредна 1, 9 милијарди долари. Уапсените 41 годишен маж и 66 годишна жена биле дел од криминален клан, односно тие биле на чело на оваа криминална финансиска организација во која имало над 50 000 членови.
Нив ги привела сообраќајната полиција на аеродром Хабаровск на иницијатива на Националното биро на Интерпол, а во соработка со Министерство за јавна безбедност на Кина.
Comments are closed for this post.