Крволочниот џихадист, познат како “Џихадистот Џон”, му се закануваше на светот со пресечени глави на заложници. Првото видео се појави во 2014 година, кога тој јавно го закла американскиот новинар Џејмс Фоли.

Иако Џон беше маскиран на снимката, британската тајна служба, GCHQ за само неколку часа откри дека тоа е Мохамед Емвази. Службата користеше технологија за препознавање глас, како и споредување на вените на неговата лева рака со која го држеше ножот пред камерата со фотографиите што ги имаа во архива.
Кога беа сигурни дека е тој, команданто на операцијата издаде наредба, а за 15 секунди ракетата го уништи Емвази