Поранешен агент на ЦИА, Кевин Малури, осуден е на 20 години затвор поради оддавање воени тајни на Кина, потврди американското Министерство за правосудство.
62-годишниот Малури беше прогласен за виновен во јуни минатата година.
Во времето кога работел во ЦИА, Малури, имал пристап до доверливи информации и тајни податоци, а откри дека продавал воени тајни на кинески разузнавач.
И без тоа, обвинителите навеле дека надзорните камери снимале како Малури скенира доверливи документи на дигитална мемориска картичка и оти во март и април во 2017 година во Шангај се состанал со кинески агент.
„Овој случај покажува загрижувачка тенденција меѓу поранешните агенти на ЦИА кои Кина ги таргетирала да ги шпионираат своите земји и колеги“, изјави заменикот на американскиот државен обвинител Џон Демерс.
Претходно овој месец и поранешен вработен во ЦИА ги прифати обвиненијата со кои се обвинува дека имал договор со кинеските разузнавачки служби за продавање информации за американската национална одбрана.
Џери Чун Шинг Ли, кој во 2007 година ја напуштил ЦИА, а минатата година беше уапсен на територија на САД, пред американскиот суд призна дека имал договор со кинеските разузнавачи за продажба на информации за американската национална одбрана кои биле под категоријата „тајна”, потсетува Анадолија.
Comments are closed for this post.