Британскиот принц Хари се нагоди по повод барањето за заштита на приватноста против новинска агенција чии новинари од хеликоптер ја сликале неговата дневна и спална соба.
Од Бекингемската палата соопштија дека Хари прифатил значителна отштета и извинување од агенцијата „Сплеш њуз анд пикчр“, но сумата не е објавена.
Во соопштение прочитано во судот, Хари изјавил дека куќата е избрана заради „високото ниво на приватност кое го нудела“, но дека сега тој и неговата сопруга Меган чувствуваат дека повеќе не се во состојба да живеат таму.
Од агенцијата „Сплеш“ наведуваат дека „сфатиле оти таквата ситуација е плод на погрешна проценка“ и ветиле дека нема да се повтори.
Comments are closed for this post.