Една од компаниите на ДХЛ почна прва да врши достава со беспилотни летала – дронови, во урбаниот дел на градот, во јужно кинеската метропола Гуанжу.
Дронот со транспортни кутии кој може да пренесува товар до пет килограми покрива простор од осум километри.
Проектот на достава со дронови заеднички го водат ДХЛ – Синотранс и кинескиот производител на дронови ЕХанг, што е прв случај меѓународна поштенска компанија да работи на достава со дронови во Кина.
Засега услугата е достапна за неспецифични корпоративни потрошувачи во квартот Сонгшану, пренесуваат агенциите.
Дронот ги собира ковертите со документите на клиентот два пати во денот, па ги доставува во сервисниот центар на ДХЛ.
Леталото тоа го прави за осум минути, додека со автомобил потребни се 40 минути.
Comments are closed for this post.