Мачу Пикчу се соочува со распаѓање, пишува „Гардијан“. Еден од најимпресивните и најпосетуваните споменици на културата, кој од УНЕСКО е прогласен за светско наследство, може да доживее неповратни промени.
Причина за тоа се веќе започнатите ископувања за изградба на аеродром во градот Чинчеро. Перуанскиот град се наоѓа на самиот влез на т.н. „Света долина“, која директно води кон древниот град на Инките. Таму багери веќе ги копаат темелите за цивилен аеродром, што ќе може да прима големи летови од цела Латинска Америка и САД. Досега мали авиони слетуваа на аеродромот во градот Куско.
Локални историчари и археолози се гневни на одлуката, а истовремено стравуваат и за иднината на Мачу Пикчу. На височина од 3.800 метри, Чинчеро е град чии девствени пејзажи, тераси и патеки датираат од времето на цивилизацијата на Инките. Перунаските историчари се на став дека новиот аеродром ќе го уништи рајското катче. Тие сметаат дека авионите ќе летаат ниско над знаменитостите со што можат да ги доведат целосно во опасност.
Изгледа иронично и донекаде противречно дека тука, на 20 минути од „Светата долина“, центарот на Инките, сакаат да изградат аеродром. Точно врз тоа заради што доаѓаат туристите, вели антропологот Пабло дел Ваје.
Само во 2017 година Мачу Пикчи го посетиле околу 1,5 милиони луѓе, речиси двојно повеќе од бројката што ја препорачува УНЕСКО. За организацијата тоа ги изложува на ризик кревките основи на древниот град. Чинчеро, пак, е основан пред шест века како кралски имот за еден од водачите на Инките.
Comments are closed for this post.