Најстариот Русин, кој тврдел дека има 123 години, почина денес, објави ТВ Росија 1.

Апас Илиеф живеел во Република Ингушетија на границата со Грузија. Роден е во 1896 година во време на царот Николај Втори, и преживеал три војни. Лично бил учесник во Втората светска војна. За време на својот живот добил осум деца, објави руската ТВ.

Во една репортажа за Илиев, тој ја открил тајната на неговата долговечност – спиел по 11 часови дневно. Апас бил овчар, во најголем дел од својот живот тој поминал шетајќи со стадата по кавкаските планини, а легнувал в кревет во 19 часот и спиел до 06 наутро.

Најстариот човек на светот јадел само свежи зеленчуци и тоа од локалните бавчи, како и свежо локално месо, пиел тазе млеко и вода од локалните извори и планински потоци.

Илиеф никогаш не земал лекови, избегнувал лекари, а единствено нешто што направил е што на возраст од 121 година имал операција на катаракта.