Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека Владата на денешната редовна 135 седница донела заклучок дека во училиштата ќе може да се запишат само вакцинирани деца.
„Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложена потврда за вакцинација, напиша Министерот за здравство.
Според податоците кој ги објави во неговиот пост на фејсбук, вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во Македонија изнесува 24.023. Во Скопје, бројот на вакцинирани деца изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани деца. Од останатиот дел од државата, бројот на вакцинирани деца до 14 години со МРП вакцина изнесува 10,339 деца.
„Само со стапка на вакцинација на над 95 отсто, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата“, посочува министерот Филипче.
Здравствените установи, додаваа тој, не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и се бесплатни.
Comments are closed for this post.