Годинава Република Северна Македонија има силни реформски и добрососедски аргументи за почеток на пристапните преговори, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров за време на посетата на Германија.

Успеавме да направиме целосен пресврт во неполни две години и тоа треба и мора да биде препознаено за да го зацврсти нашиот успех и да служи како поттик за останатите во регионот. Процесот на пристапни преговори ќе значи само заслужен почеток на едно ново поглавје за засилување на позитивниот курс, натамошен напредок на земјата и овозможување подобар живот за нејзините граѓани, истакна министерот Димитров кој е во работна посета на Германија.