Фолсваген тргнува во конкретни преговори со представниците на преостанатите потенцијални локации за изградба на фабрика во Југоисточна Европа, јавува Дојче Веле, а Ројтерс пак пренесува дека според нивни инсајдери во компанијата информациите се во насока дека во игра останале Бугарија и Турција.
Собранието на акционери на Фолксваген која се одржува денеска беше со нетрпение очекувано ширум Југоисточна Европа. Повеќе земји вклучувајќи ја и Србија се надеваа дека оваа компанија можат да ја привлечат својот капитал да го пренесе кај нив, а победникот требаше да биде прогласен овие денови.
Сепак тоа изгледа ќе се одложи како што јавува Дојче Веле поради одлуката на управниот и надзорниот одбор за конкретни преговори со останатите потенцијални локации.
Во Македонија постоеја шпекулации дека и нашата земја е во игра. Ваквите ставови ги подгреа изјавата на премиерот Зоран Заев кој во јануари рече
За 6 месеци во земјава ќе дојде голема германска компанија со инвестиција од над 100 милиона евра! Засега не го кажувам името, но ќе се дознае.
Тој и на прес-конференција одржана на 12 јануари годинава рече дека се лобира за влез на голема инвестиција за која се бара локација во регионот. Како и дека кај Јан Хекер советник на канцеларката Ангела Меркел лобирал за огромна германска инвестиција која бара локација во регионот.
Вицепремиерот Кочо Анчушев пак изјави дека информациите за инвестиција на Фолксваген се шпекулација.
Comments are closed for this post.