Актуелниот портпарол на Владата, Миле Бошњаковски, и денеска не ги потврди информациите дека заминува на ново работно место-шеф на кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски. Но, нели, каде што има чад, таму има и оган, па во СМС порака за Пресинг Тв само напиша „Нема ништо официјално“.
А, тоа што нема ништо официјално не мора да значи и оти нема нешто неофицијално, па останува само на време кога се ќе биде и официјализирано.
Оттука, сега се наметнува прашањето кој ќе седне во владиното портпаролско столче на местото на Миле Бошњаковски?
Во пи-ар тимот на Владата има десетина познати имиња, кои би можеле да ја добијат позицијата, што значи деноноќни контакти со медиумите. Меѓутоа, според одредени информации, само две млади имиња се апсолутно подготвени целосно да одговорат на задачите, па дури и повеќе од тоа. Дилемата е дали во заткулисните игри тие ќе ја добијат неопходната поддршка или, пак, изборот ќе падне само на „веќе етаблирано“ име од тимот или од некоја друга државна институција.
Според некои сознанија, не се исклучува и можноста на портпаролското столче да седне и познато новинарско име.
Comments are closed for this post.