Британските кралски воздухопловни сили се на мисија во Либија за да го „фатат или убијат“ предводникот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, за кој сметаат дека е пребеган во северноафриканската земја, пишува Дејли Експрес.
Во извештајот се вели дека британските борбени авиони, заедно со авиони управувани од италијански и американски војници, вршеле прелетувања во потрага по АББ, кодното име кое се користи за идентификување на Багдади како цел.
Наградата за главата на 48 годишниот Багдади, жив или мртов, изнесува 25 милиони долари.
Останува нејасно, стои во извештајот, како коалиција на западните воени сили одлучи да ја започне потрагата по лидерот на Ислмска Држава во Либија, земја богата со нафта, погодена од години на насилство што започна по популарното востание и интервенцијата на НАТО во 2011 година за соборување на поранешниот лидер Муамер Гадафи.
Британските власти веруваат дека имаат „доверливи“ разузнавачки информации од Либија, кои укажуваат дека Багдади бил во земјата откако избегал од Багхоз во Сирија, каде бил предмет на заговор од негови луѓе за да го убијат.
Тоа е доверлива информација која треба да се потврди“, изјавил еден воен извор, кој додал дека „операцијата на воздушните сили дава разузнавачки податоци од високо ниво и можеме да ги наброиме имињата и групите на луѓето што ги познаваме кои се, или се дел од внатрешниот круг на АББ“.
Сепак, „Дејли експрес“ вели дека слични операции се во тек во соседните африкански земји, каде постојат милитантни групи кои се во блиска поврзаност со ИД и кои може да го засолнат Багдади.
Во неодамнешното видео на Багдади тој ги фали неговите борци и нивната битка против „одметниците“ во различни делови на светот. Тој, исто така, ги пофали нападите врз црквите во Шри Ланка минатиот месец, во кои загинаа над 250 луѓе.
Comments are closed for this post.