Во пожар целосно изгоре стоматолошка ординација на Македонци во Бугарија во близина на Сандански. Ординацијата ја држеле Македонци кои пружале стоматолошки услуги во целиот регион. Оган избувнал околу 3 часот изутрина и уништена е целата апаратура и мебелот.


Како што пренесува „nova.bg“ Македонците во селото Ново Делчево работеле неколку години и добро го развиле бизнисот. Се претпоставува дека пожарот е дело на конкуренцијата бидејќи тие работеле по пониски цени.