Лидерот на Демократската партија во Албанија, Љуљзим Баша вчера објави спот за денешниот протест на обединетата опозиција во кој ги повика граѓаните да се „обединат за да ја ја направата Албанија европска земја“.
„Денес во 18.30 часот сите заедно со една цел. Да ја направиме Албанија како Европа. Нема враќање назад. Со меѓусебна доверба, со силата на единството и демократија ќе ги отвориме европските врати кога ќе се отарасиме од лошото. Ништо нема да ги запре Албанците да дојдат заедно за да го казнат криминалот и корупцијата и дека може да има слободно гласање“, вели Баша.
Температурата во Албанија е крената на точка на вриење, од сите страни, особено Американците, испраќаат пораки за зачувување на мирот и безбедноста на граѓаните.
Лидерот на парламентарната група на демократите, Рудина Хајдари ја повика опизицијата да избегнува насилство за време на протестите.
Comments are closed for this post.