Тропскиот залив од филмот „Плажа“ на тајландскиот остров Фи Фи Ле, кој привремено беше затворен минатата година, отсега до 2021 комплетно ќе биде затворен за посетители.
Тамошните власти тврдат дека заливот, кој дневно бил посетуван од 5 илјади луѓе, трпи сериозно нарушување на неговата флора и фауна поради прекумерниот број посетители.
„Повеќето корали се угинати, моравме да ја прошириме забраната за посетителите на уште две години за да дадеме повеќе време на еколошкото закрепнување на заливот“, изјавија претставниците на власта.
Професорот Тон Тамронгнавасават, кој го советува тајландското Министерство за национални паркови, изјави во јануари дека бројот на посетители ќе биде ограничен кога повторно ќе биде отворен заливот, а на чамците нема да им биде дозволено да се усидрат.
Comments are closed for this post.