Задади недостатоци во документацијата поништена е постапката за зиплајнот од Кале до Парк, тврди скопскиот градоначалник Петре Шилегов, откако Бирото за јавни набавки информираш дека не е пристигната ниту една прифатлива понуда за проектирање, набавка и изградба на зиплајнот.
Градскиот татко не се откажува од неговата изградба и најави дека Град Скопје набрзо ќе распише нов тендер.
Шилегов додаде дека станува збор за концепт. За едниот дел од Кале има распишано меѓународен конкурс како тоа треба да изгледа, а за вториот во соработка со Сојузот на архитекти формирана е комисија која што треба да распише меѓународен конкурс за општо уредување на тврдината.
Процесот го движиме внимателно бидејќи станува збор за најубавиот рид во нашиот град и тука не смееме да направиме импровизација“, изјави Шилегов.
Скопскиот градоначалник ја најави изградбата на 400 метри долгиот зиплајн уште во март лани и требаше да биде готов лани летото. Но, тендерот беше распишан дури годинава во март оти првичниот проект бил утнат, па се правел нов.
Изградбата ќе чини околу 50.000 евра.
Comments are closed for this post.