Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ рече дека Македонија еднострано го признала прогласувањето на независноста на Косово само за да му се приближи на западот и дека „не постои аргументација“ на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски дека тоа е направено заради Албанците кои живееат во Македонија.
Дачиќ во изјава за ТВ Пинк коментирајќи ја изјавата на новиот претседател Пендаровски дека го признале Косово „согласно нивната стратешка ориентација, но имајќи предвид и ставот на албанската заедница која е втора по бројност во Македонија, рече дека тоа го направиле заради стратешката определба, а не заради Албанците.
Не држи аргументацијата дека го признале Косово заради Албанците, бидејќи како тоа во Црна Гора го признаваат Косово кога Србите се втора национална заедница по бројност. Каде е тука принципот“, изјави Дачиќ
Тој нагласи дека двете земји од опкружувањето кои го признале Косово тоа го направиле за да се приближат кон западот.
Со тоа покажаа дека нивната стратешка ориентација не е разбирање на проблемите со кои Србија се соочува“, нагласи Дачиќ и додаде дека Македонија била некоректна кон Србите, бидејќи Србија ја признала Република Македонија, иако тоа било спротивно на нивните стратешки определби, а тоа е пријателството со Грција“, вели министертот за ТВ Пинк.
Додава дека Македонија на тоа не вратила со добро, бидејќи го признала Косово, но и без разлика на тоа Србија не го повлекла признавањето и дека заради тоа имала „различни фази во односите со Грција“.
Се покажа дека згрешивме, бидејќи Македонија сега се вика Северна Македонија. Да бевме во право ќе останеше Република Македонија, заклучува Дачиќ.
Comments are closed for this post.