Шокантно видео е објавено денес по несреќата на рускиот „сухој супер џет“ кој вчера се запали при слетување на московскиот аеродром Шеремтјево. Во несреќата загинаа 41 патни, додека преживеале 37.

Патничкиот авион е на Аерофлот и тој бил произведен во 2017 година. Последен технички преглед и детално одржување имал пред еден месец.

Авионот полетал вчера во 17.50 од Шеремтјево со крајна дестинација во Мурманск на север на земјата. Во него имало 78 патници од кои пет биле членови на екипажот. Авионот летал околу 28 минути кога објавил тревога, по што почнал процедура на принудно слетување. Успеал да ја допре пистата при вториот обид, но како што може да се види д видеата од камерите на аеродромот, „сухојот“ само што ја допрел пистата се запалил.


Пожарникарите дошле до авионот кој бил во плаемн за две минути. Патниците излегувале во паника низ излезите за евакуација, а сето тоа траело 55 секунди. Задниот дел на авионот целосно бил во пламен. Загинале и членови на екипажот, а меѓи нив и стјуардот, кој останал до крај да ги спасува патниците.

На едно видео снимено од внатрешноста на авионот може да се види како гори едниот мотор и крилото на авионот и се слушаат панични врескања на патниците. Некои се обидувале да се евакуираат сосе патнички торби, што само ја зголемило паниката.

Пожарот бил изгасен за еден час.