Конзервативците и Лабуристите во Велика Британија беа казнети на локалните избори вчера заради хаосот кој го направија со Брегзитот. Иако не се целосно преброени изборните резултати, сепак јасно е дека двете партии не поминаа добро на изборите.
Конзервативците и Лабуристите забележаа значителни загуби, известија британските медиуми повикувајќи се на прелиминарните резултати.
Ториевците, предводени од премиерката Тереза Меј во моментов губат 517 советнички места, додека опозициските Лабуристи на Џереми Корбин отстапуваат 73 седишта. Ваков резултат се очекуваше, особено за Меј, а треба да се истакна дека Ториевците веќе загубија илјада седишта во општинските совети.
Меј и Корбин се сретнаа неколкупати, но не успеаја да најдат излез од ќорсокакот наречен излез од ЕУ. Како датум за излез заедно со ЕУ е одреден 31 октомври.
Но, на овие изброи добро поминаа либерал демократите, кои се цврсто за останување во Унијата – тие добија 339 советнички места.
Како особен важен податок е дека на изборите имало многу ниска излезност затоа што про-брегзит гласачите не излегоа на гласачките места, односно бојкотираа.
Comments are closed for this post.