Партијата Алтернатива на Африм Гаши денеска ги повика своите приврзаници в недела да излезат на гласање и да гласаат за опцијата која гарантира интеграцијаво НАТО и ЕУ.
Ние сме искрени со нашите гласачи и не сакаме да играме со двојни стандарди. Затоа, свесни дека ниту еден кандидат Албанец не може да помине во вториот круг и свесни дека не треба да се дозволи повторување на грешките од минатото, кои може сериозно да му наштетат на евро-атлантската иднина на земјата, ние од првиот круг бевме транспарентни со нашиот гласач и тоа се потврди со гласовите кои кандидатот Пендаровски ги освои во бастионите на Алтернатива. Сиот наш човечки капацитет ќе биде активен не само во постигнување не потребниот цензус, за што не се сомневаме, туку и за да потврдиме дека албанскиот глас е одлучен за одредување на иднината на Северна Македонија“, соопштија од Алтернатива.
Comments are closed for this post.