На трибината во Кочани пред граѓаните се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој се заблагодари на одличниот одзив токму на празникот на трудот.
Дајте ја поддршката за Пендаровски во вториот круг за да може трудот на секој работник да биде вреднуван, за да го спречиме врќањето назад во минатото, во времето на кавги и поделби. Нема да правиме калкулации за нашите функции и политички позиции, затоа што државата е во прашање, а конечно добиваме нешто што го чекавме 14 години. Во јуни отвораме ново поглавје во приближувањето кон ЕУ што ќе отвори нови перспективи за младите, за вработените, за влез на нови инвестиции, свеж капитал и нова финансиска поддршка од европските фондови, истакна Заев.
Comments are closed for this post.