Кристијано Роналдо деновиве се соочува со обвинение за силување на манекенката Кетрин Мајорга кое се случило во Лас Вегас во 2009 година.  Можноста за такво нешто е уште поголема откако излезе снимка од дискотека во која бил со својата жртва.

Нејзините адвокати за вечерва во Лас Вегас закажаа прес-конференција, на која јавно ќе ги објават сите докази против Роналдо и најновите информации поврзани за случајот.


Според законот на државата Невада случаите на силување никогаш не застаруваат. А, полицијата во Лас Вегас тогаш во 2009 година добила пријава за сексуален напад. Иако постојат полициски извештаи, потоа случајо набрзо беше затворен откако Роналдо една година потоа, по взаемен договор, и исплатил 375.000 долари на Мајорга за да не се појавува со обвинувања во јавноста.

Кристијано Роналдо, доколку се потврдат обвинувањата и преку судски пат, се соочува и со затворска казна.