Шпанија се подготвува за утрешните парламентарни избри, трети во последните четири години во кои социјалистичкиот премиер Педро Санчез ќе се обиде да го надмине политичкиот ќор сокак и да формира стабилно мнозиство.
Од друга страна, светот во изминатиот период го виде растот на новата крајна десница, нешто што е враќање на диктаторот Франко во шпанската политика по повеќе од 40 години.
Во последните пет години се случи раст на нови политички сили, меѓу кои на крајната десница, како и уставна криза со обидите за отцепување на Каталонија, што дефинитивно го урна двопартискиот систем на владеење меѓу Социјалистичката партија (ПСОЕ) и десничарската Народна партија (ПП) кои на власта се сменуваа од 1980.
Анкетите покажуваат дека во моментов 30 отсто од избирачите се неопределени и тоа целиот политички пејзаж го прави уште понеизвесен, односно се очекува политичката фрагментација да го земе данокот.
Се прогнозира победа на Санчез, но не доволно за да може да формира самостојно стабилна влада, оти е далеку од освојување апсолутно мнозинство. Тој би можел да побара поддршка во гласовите на Подемос, но таа партија е во фаза на криза, како и од левичарите во Каталонија.
Либералите Сиудаданос сега се многу поблиску до Народната партија, па тие отпаѓаат во посизборните математики на социјалистите.
Од друга страна, очекувањата се дека десниот блок – Народната партија, ултрадесничарската Вокс и Сиудаданос нема да освојат доволно гласови за да можат даформираат влада, па конечниот резултат само би ја потврдил линијата на нестабилни влади која трае од 2015 година.
Шоу на есктремната десница
Овие избори имата нов елемент. Иако земјата се ослободи од крајната десница со смртта на диктаторт Франко во 1975 година, Шпанија оваа пролет може во живо да го следи триумфалното враќање во парламентот на Вокс – партија која користи жесток вокабулар и која во себе има генерали и јавна поддршка на Франковизмот. Се очекува Вокс да освои околу 30 седишта во парламентот со 350 седишта.
А, токму Вокс и нивните 11 проценти на ланските локални избори беа доволни да предизвикаат земјотрес и да го урнат социјалистичкиот бастион во Андалузија.
Кога ќе се додаде дека каталонските сепаратисти не го прифатија буџетот и го натераа премиерот Санчез во февруари годинава да распише предвремени избори, јасно е каква драма ги очекува утре Шпанците.
Фемен се соблекоа
Последниот предизборен митинг во Мадрид на Вокс имаше неочекувани гостинки кои си го кажаа својот глас, храбро. Голи девојки истакнаа слоган: „Ова не е патриотизам, туку фашизам“ и влегоа на митингот на ултрадесничарите.
Жените и покрај обезбедувањето, успеале да го истакнат плакатот кој има силна порака.
Портпаролот на Фемeн, групата со седиште во Париз, потврди дека тоа било нивна иницијатива.
Comments are closed for this post.