Седумдесет и шест отсто анкетирани Хрвати изјавиле дека не веруваат во независност на судскиот систем во државата и таа бројка е највисока во ЕУ за тоа прашање. Вакви се резултатите од анкета за која детали објави еврокомесарот на ЕУ за правда, Вера Јурова.
Дури 76 проценти од граѓаните на Храватска ја одредуват состојбата со независноста на судството како „лоша или многу лоша“.
По Хрватите, следуваат Словаците со 60 отсто, Бугарите со 58 отсто и Шпанците со 55 отсто.
Педесет отсто од граѓаните на Полска – земја против која Европската комисија покрена постапка за спорна судска реформа – немаат доверба во националниот судски систем.
Comments are closed for this post.