Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Владивосток изјави дека мирот и безбедноста на Корејски Полуостров во целост ќе зависи од идниот став на САД, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
„Ситуацијата на Корејскиот Полуостров и во регионот сега ја достигна критичната точка, од која би можела да се врати во првобитната состојба откако САД зазедоа унилатерален став во лоша смисла на неодамнешниот, втор по ред, самит и преговори помеѓу Северна Кореја и САД, наведе Ким.
КЦНА исто така објави дека Русија и Северна Кореја се договориле да преземат позитивни мерки во повеќе области со цел да ја унапредат соработката, вклучително и во економијата, трговијата, науката и технологијата.
Comments are closed for this post.