Нашата татковина, државата, општеството, покажува зрелост како никогаш досега.
Граѓаните реагираат, а независните институции постапуваат согласно нивните надлежности, објави на својот Фејсбук Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ.
Тој објави дека од работното место, „кое нема никаква поврзаност со непотизам“, се повлекуваат „по нивна волја и лилчна одлука“ и неговата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на неговата сопруга.
„Привилегии, партизација и непотизам не се вредности на СДСМ, не се ниту ќе бидат мои вредности. Пред нас се одлуки, заклучоци на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Моето лично мислење за овие одлуки ќе го задржам за себе, тоа сега не е важно.
Презедовме одговорност, пред граѓаните, да ги менуваме работите, да го менуваме системот. Нашата обврска ја исполнуваме само со конкретни чекори.
Јас бев првиот што јавно реагираше уште на првите реакции од јавноста. Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангажман како алатничар, преку Агенција за времени вработувања. Во оваа насока сакам да ја известам јавноста дека побарав повлекувањe на моите роднини од работните места за кои ДКСК наоѓа некакви индиции, иако немам право на тоа, затоа што никако не сум влијаел за нивните вработувања.
Очекувам Државната комисија за спречување на корупцијата да поведе постапка и за бројните партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ и непотизмот кој што го раширија до невидени размери.
Се друго би било дискриминација на граѓаните. Само така можеме да градиме праведно општество кое нуди фер шанса за секој наш граѓанин“, пипува на фан страната на Фејсбук, Кирацовски.
Comments are closed for this post.