На 7 мај во еднодневна посета на Македонија доаѓа светиот отец, папата Франциск, првиот човек на Католичката црква, а по тој повод беше одржана првата прес-конференција.
Информации за претстојната посета изнесоа премиерот Зоран Заев, бискупот на Католичката црква во Македонија, Киро Стојановски и Виктор Димовски, државниот секретар во МНР.
Се проценува дека централниот настан од посетата, литургијата на плоштадот Македонија на папата ќе ја следат 15.000 лица.
Освен гордоста за искажаната чест светиот отец да ја посети нашата земја, Република Северна Македонија ги направи сите подготовки за да дочека еден од најзначајните светски лидери. Веста за доаѓањето на папата Франциск е дочекана со голема радост и благодарност, пред се од верниците католици, но и од сите граѓани“, рече Заев.
Посетата на папата се совпаѓа и со одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонја и Ватикан.
Заев ги повика сите верници и луѓе со добра волја во земјата и во соседтвотото со своето присуство да и дадат поголемо знаќење на посетата и да бидат дел од тој историски настан.
Папата Франциск избра да ја посети Католичката црква и народот во Северна Македонија и на овој начин да ја покажа неговата лична блискост како и силните симпатии на Ватикан кон нашата земја, каде секја година одржуваме заеднички свечености во чест на светите браќа Кирил и Методиј“, истакна премиерот Заев.
Бискупот Киро Стојановски рече дека верниците со право очекуваат „папата да биде прв сведок на темелната вера на христијаните дека Исус е жив“.
Тој рече дека на плоштадот во Скопје ќе бидат заедно папата, кардинали, надбискупи, бискупи, свештеници и народ со една желба да посведочи дека Исус Христос е жив, дека воскресна и дека сега е меѓу нас.
Овој настан ја надминува нашата досегашна историја“, подвлече бискупот, и посака тоа да биде единствено „настан на верата и средба со Христос кого му служиме, кого го исповедаме и кого го очекуваме во вечноста. Повикувам и молам со вас апостолската посета да биде дар на милоста, историски настан, а не само нешто што е сензација или манифестација“, подвлече бискупот Стојановски.
Со папата доаѓаат и 30 кардинали, бискупи и надбискупии
Папата Франциск со специјален лет ќе допатува во 8.15 часот на скопскиот аеродором каде ќе биде пречена од претседателот на државата Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, информираше Виктор Димовски, кој е задолжен за организацијата на посетата на понтифот. Тој информираше дека Папата ќе биде придружуван од 30-члена црковна делегација на Светата столица, меѓу кои државниот секретар, кардиналот Пјетро Фаролин, префектот на конгрегацијата на источните цркви, кардиналот Леонардо Сандри, како и претседателот на Понтификацискиот совет за промовирање на христијанско единство, кардиналот Курт Хопфт.
Највисоките државни почести за папата ќе бидат дадени во претседалската резиденција Вила Водно со почеток во 9 часот, каде папата Франциск ќе има одвоени средби со Иванов и со Заев, на кои ќе бидат присутни и нивните семејства.
Потоа папата во Спомен-куќата на „Мајка Тереза“ ќе има средба со лидерите на верските заедници – МПЦ, ИВЗ, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница како и со лица од ранливите категории. Понтификалната света миса ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток во 11.30 часот.
Завршниот настан ќе се одржи во црквата „Пресвето срце Исусово“, каде папата Франциск ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите, со свештениците, нивните семејства и нивните семејства. По тој настан, папата си заминува од земјата.
На папската миса само со билети
За тие што сакаат да учествуваат на мисата ќе треба да обезбедат бепслатни билети кои можат да се земат во парохиите на Католичката црква. Поради строгите безбедносни протоколи, пристапот на градскиот плоштад ќе биде строго ограничен, ќе се влегува од три пристапни влезови. Во литургискиот дел тој ќе се отвори во 6 часот, а ќе се затвори во 9 часот. Граѓаните и верниците мораат со себе да носат билет и документ за идентификација, и да не носат предмети кои се опасни за безбедноста.
За овој настан има најава за акредитирање на 400 новинари, од кои најмалку 200 се од странство.
Димовски истакна дека од организациски аспект се преземени сите неопходни мерки за високиот гостин да го дочекаме на највиско ниво, сосема подготвени и ќе се покаже гостопрмиливи, љубезни и срдечни.
Comments are closed for this post.