Зоран Заев и Стево Пендаровски се соочени со пораз и ги фаќа паника. Заев сега се фаќа со тоа што најдобро го знае и владее, а тоа е кршење на законите, криминал, корупција, закани, уцени и поткуп, со кои што повторно ќе се обиде да ја изигра и изманипулира јасно изразената волја на граѓаните од првиот круг на претседателските избори, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски.
Според информациите кои дојдоа до нас, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска повикале во влада претставници на текстилната индустрија. Јавно прашуваме која е целта на оваа средба во владата и зошто токму после првиот круг кога нивниот кандидат Пендаровски доби црвен картон од граѓаните, се повикани токму во владата? Не очекуваме дека власта ќе признае дека врши притисоци врз приватните компании, но очекуваме надлежните државни институции да преземат соодветни мерки со кои што ќе се спречи криминалното сценарио на власта кое што го подготвува за вториот круг, вели Арсовски.
Comments are closed for this post.