Министерството за надворешни работи доставило пријава до МВР и до ОЈО за фалсификат и можна злоупотреба на одредена институција и начин на комуникација во врска со вчерашото лажно соопштение за оставка на шефот на дипломатијата Никола Димитров, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Телевизијата 24 Вести, вчера, во пладневните вести , објави дека шефот на дипломатијата си поднел оставка по неуспешниот референдум во неделата, со кој не се прифати договорот со Грција, чиј потписник е лично.
На тоа реагираше МНР, испраќајќи демант до медиумитете, најостро осудувајќи ги, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести.
По добиената пријава ќе пристапиме кон работа, важно е да се утврди фактичката состојба. Лажните вести и говорот на омраза станаа нешто на кое се темелат информациите, рече денеска Спасовски.
Шефот на дипломатијата Никола Димитров се огласи на социјалните мрежи тврдејќи дека е почната специјална војна против него.
Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Народот за ова вика: Гладна кокошка, просо сонува.
Значи, како што вели Виктор…
Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Monday, 1 October 2018
Пресинг ТВ побара став и од Телевизија 24. Од таму велат дека пред да објават во вестите немале многу време да ја проверат информацијата, но дека веднаш реагирале,односно демантитрале кога сфатиле што се случува.
Comments are closed for this post.