Бројот на загинатите во серијата бомбашки напади за Велигден во Шри Ланка се зголемил на 359 лица, се наведува во последните полициски извештаи.
Полицијата во главниот град Коломбо соопшти дека бројот на загинатите се искачил до 359, а притоа обелодени дека се уапсени уште осомничени за нападите.
Во исто време денес е изведена и контролирана експлозија во близина на киното Савој во Коломбо. Станува збор за уништена експлозивна направа поставена на една машина.
Во моментов се известува за 31 загинато лице од странство, а 14 се водат како исчезнати.
Одговорноста за нападите вчера ја презеде ИСИС.
Comments are closed for this post.