Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Владивосток на средба со претседателот  Владимир Путин со неговиот специјален воз. Наречен е „зелена комозиција“ и е вистински луксуз на шини.

Има 21 вагон, кожни столици, десетина спални соби. Поседува и сателитски телефон.Доколку реши да излезе од возот, Ким има на располагање и Мерцедес возило.

Патувањето со возови им е семејна традиција на семејството Ун бидејќи со него патувале и таткото и дедото на Ким.