Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека се состанал со коосновачот и извршен директор на компанијата Твитер, Џек Дорси.
Great meeting this afternoon at the @WhiteHouse with @Jack from @Twitter. Lots of subjects discussed regarding their platform, and the world of social media in general. Look forward to keeping an open dialogue! pic.twitter.com/QnZi579eFb
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 23, 2019
Одличен состанок ова попладне во Белата куќа со Џек од Твитер. Разговаравме за многу теми, за нивната платформа и општо за светот на друштвените мрежи. Се радувам на продолжување на отворениот дијалог, порача американскиот претседател на Твитер.
Претходно, денеска Трамп повика на формирање повеќе и поправедни социјални медиумски компании како одговор на дискриминацијата, која, како што рече, како републиканец ја чувствува од страна на компанијата Твитер.
Comments are closed for this post.